Утрински Весник
Свет

Германски министер: Пристигнува супервид на коронавирус отпорен на вакцини

Германски министер: Пристигнува супервид на коронавирус отпорен на вакцини

Германскиот министер без ресор Хелгер Браун предупредува на опасноста од „супервид“, кој може да биде имун на вакцините против коронавирусот.

Во интервју за „Билд“, Браун, кој по професија е лекар, оцени дека Германија во моментов е во најопасната фаза на пандемијата.

„За жал, сите стравови се остварија. Третиот бран има потенцијал да биде полош од првиот, затоа што е предизвикан од позаразна мутација. Следните недели ќе бидат клучни дали наскоро ќе можеме да ја доведеме пандемијата под контрола. Ако бројот на инфекции сега расте паралелно со вакцинацијата, расте опасноста следната мутација да биде имуна против вакцината“, објасни тој.

Раното олеснување на мерките може, вели тој, да ги загрози шансите за нормално лето.

Браун очекува дека состојбата ќе се подобри во мај, со напредокот во вакцинацијата и почетокот на потоплата сезона.

Можете да прочитате

Пронајден мртов рускиот министер за транспорт кој утринава бил разрешен

Потврдена смртта на 27 девојчиња и воспитувачи во кампот „Мистик“ по поплавите во Тексас

Израел ги нападна Хутите во Јемен