Утрински Весник
Спорт

Болоња не го крие интересот за Ламела

Болоња не го крие интересот за Ламела

Болоња ќе се обиде да го донесе во своите редови Ерик Ламела од Тотенхем. Аргентинецот е играч на Тотенхем од 2013 година, кога клубот од лондон за неговите услуги на рома и плати 30 милиони евра.

„Ерик Ламела е наша цел. Ќе видиме дали ќе можеме да го донесеме од Тотенхем. Неизвесно е како ќе се заврши“, рекол директорот на Болоња, Валтер Сабатини.

Ламела за Тотенхем има одиграно 249 натпревари, постигнал 37 голови. Аргентинецот низ кариерата се бори со повредите, најдолго отсуствуваше 13 месеци, во периодот од октомври 2016 до ноември 2017 година, поради повреда на колкот.

> Болоња не го крие интересот за Ламела <

Можете да прочитате

Роналдо го одигра последниот натпревар на Светско првенство

Заврши Мундијалот за домаќинот САД, Белгија убедлива

Шпанија ја елиминира Португалија со гол во 91. минута