Утрински Весник
Свет

Мадуро: Нафта во замена за вакцини

Мадуро: Нафта во замена за вакцини

Николас Мадуро претседателот на Венецуела, ја отвори можноста за плаќање на вакцините против коронавирус со извоз на нафта во земјите што ги произведуваат тие вакцини.

“Венецуела има цистерни со нафта и купувачи на нејзината нафта. Ние ќе одвоиме дел од нашето производство за да обезбедиме снабдување со вакцините што ни се потребни. Нафта во замена за вакцини”, рече Мадуро.

Според официјалните податоци, бројот на потврдени случаи на заразени со коронавирус во Венецуела е повеќе од 156 илјади, а починале 1555 лица.

Минатата недела потпретседателот Делси Родригез изјави дека Венецуела има околу 7 милијарди долари во странски банки, од кои дел се планира да се потрошат на вакцини.

Можете да прочитате

„Можно е да не дојдев“ – Трамп го пофали Ердоган, а жестоко ја критикуваше НАТО Алијансата

Полицијата во Анкара блокира и приведе демонстранти што протестираа против НАТО

Руте: НАТО ќе инвестира околу 40 милијарди долари во одбрана од дронови во наредните пет години