Утрински Весник
Македонија

Првите вакцини од „Астра зенека“ стигнаа во Македонија

Првите вакцини од „Астра зенека“ стигнаа во Македонија

Првата пратка со вакцини од „Астра зенека“ преку Ковакс механизмот пристигна утринава на Меѓународниот аеродром Скопје.

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека се стигнати 24.000 вакцини „Астра зенека“ и дека со нив ќе бидат вакцинирани лицата над 75 години.

„Сега сме посветени системот на имунизација да почне брзо и ефикасно. Имаме најави и за други вакцини во текот на овој месец“, рече Филипче.

Можете да прочитате

Муслиманите го слават Рамазан Бајрам

Променливо облачно со сончеви периоди

Пожар вечерва пред поликлиника во Аеродром