Утрински Весник
Македонија

Во Среда почнува масовната вакцинација во Македонија

D24ab71d C468 442e B384 0c02955d86d6

По утрешното пристигнување на пратката од 24.000 дози вакцини на АстраЗенека преку Ковакс механизмот, масовната вакцинација во Македонија ќе започне во среда. Министерот за здравство, Венко Филипче во неговото гостување во вестите на ТВ Сител соопшти дека се подготвуваат сите вакцинални пунктови, како и Спортскиот центар „Борис Трајковски, каде дневно би се вакцинирале повеќе илјади грашани.

– Спремни сме тој процес да се спроведе брзо и ефикасно во салата „Борис Трајковски“. Во понеделник вакцините ќе бидат распределени во градовите. Сето она што очекувавме да се случи порано еве се случи во април. Оптимумот е да вакцинираме 4.000, а мислим дека може да стигнеме до 7.000 граѓани на ден, на сите пунктови, во центрите за јавно здравје, во салата „Борис Трајковски“, слично како во Србија и Израел за да постигнеме задоволителна динамика, истакна министерот Филипче.

Во однос на безбедноста на вакцината тој рече дека нема никаква поврзаност, односно официјална контраиндикација од вакцината на АстраЗенека, и дека е безбедна за сите возрасни групи.

Вакцината е сосема безбедна да се користи и за повозрасни граѓани. Ги уверувам граѓаните дека буквално сите вакцини се безбедни, нема контраиндикација за вакцината на ниту еден производител, за ниту една категорија граѓани, рече тој.

Што се однесува пак до вакцинацијата на повеќе илјади граѓани во Србија, Филипче оценува дека станува збор за голем пријателски гест од страна на нашиот сосед, и нагласи дека сите што денеска ја примиле првата доза од вакцината на АстраЗенека, втората доза може да ја примат во Македонија, за што ќе ги побараат податоците за сите кои викендов се вакцинираат таму од српското министерство за здравство.

Можете да прочитате

СТУДЕН ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Од овој петок, како и за време на викендот, многу дожд, снег и голема снежна покривка од над 50 сантиметри

Александар Димитријевиќ нов генерален секретар на СДСМ, еве кои се потпретседатели

Следната недела разговори за зголемување на минималната плата