Утрински Весник
Магазин

Грешки во говорот на телото кои може да ви одмогнат во животот

Images 10 Greski Vo Govorot Na Teloto 01

Без разлика дали сте на состанок, интервју за работа, конференција, забава или само разговарате со некого што сте го сретнале за првпат во животот, според правилата на комуникација, 58% од вашиот успех зависи од говорот на телото. 

Ова се 10-те најчести грешки кои ги правите согласно говорот на телото, а ви одмагаат во многу ситуации во животот:

Лошо држење на телото

Стоењето со спуштени рамена прави да изгледате неважни, слаби и несигурни.

Доколку пак се наведнете премногу наназад, ќе оддадете впечаток дека сте премногу опуштени и незаинтересирани во она што го работите.

10-greski-vo-govorot-na-teloto (1).jpg

Лоша поставеност на нозете и стапалата

Позицијата на вашите нозе и стапала е потсвесна и затоа многу потешка за контролирање.

Сепак, таа може да ја пренесе вашата несигурност и да го открие начинот на којшто размислувате или скриените намери.

Начинот на кој ги држите нозете додека седите може многу да каже за вашата личност.

  • Луѓето коишто ја избираат позицијата А (споени колена, а разделени стапала) проектираат слика за некој со детски карактер, несигурен и сонувач.
  • Вкрстените нозе како во позицијата B може да откријат одбранбен, далечен и затворен однос.
  • Позицијата C индицира на доминантност и важност. Сепак, таа исто така открива и ароганција и е честопати несоодветна или некултурна во формални ситуации.
  • Паралелно поставените нозе, како во позиција D, е неутрална позиција којашто прави да изгледате отворено и смирено.
  • Поставување на нозете како во позиција E е почесто кај жените и ги прави да изгледаат поженствено и поатрактивно.

10-greski-vo-govorot-na-teloto (2).jpg

Претерано гестикулирање

Контролирајте ги вашите движења на рацете и дланките. Кога некој мавта со рацете како луд, тоа е знак на недостаток на самодоверба и професионалност.

Не е ни чудо што нервозните движења како што се пукање на прстите, играње со косата или грицкање на ноктите прават да изгледате нервозни и несигурни.

Сепак, и недостатокот на каков било гест е лош, бидејќи може да индицира губење на интерес.

10-greski-vo-govorot-na-teloto (3).jpg

Прекрстени раце

Прекрстените раце, без разлика дали додека седите или додека стоите, значат дека сте во одбранбена положба, што може да значи дека не сте импресионирани или не сте заинтересирани за она што се случува околу вас.

Држење на рацете паралелно со телото пак, покажува дека сте отворени за разговор. Сепак, според некои истражувања, вкрстените раце индицираат на поголема упорност кога се работи за тешки задачи.

10-greski-vo-govorot-na-teloto (4).jpg

Слабо ракување

Цврстото ракување е многу важно. Личности со слабо ракување се доживуваат како личности кои немаат авторитет или доверба. Сепак, доколку вашето ракување е премногу цврсто, може да ве доживеат и како агресивна личност.

Еден од најлошите начини на ракување се нарекува „ракување со мокра риба“, тоа е ракување со ладни испотени раце, коешто остава впечаток на личност којашто е слаба и ладна по природа.

10-greski-vo-govorot-na-teloto (5).jpg

Лош визуелен контакт

Избегнување на контакт со очите прави да изгледате сомнително и непрофесионално за време на бизнис состанок и несигурно и неискрено за време на забава.

Од друга страна, пак, според експертот за говор на телото, Керол Кинси Гоман, премногу долг контакт со очите може да биде некултурен, па дури и заканувачки.

10-greski-vo-govorot-na-teloto (6).jpg

Немир

Немирното допирање на косата, рацете, мобилниот или кој било друг предмет може да доведе до деконцентрација кај вашиот соговорник.

Од друга страна, пак, може да изгледате слаби и деконцентрирани, иако неодамнешни истражувања покажаа дека движењата на рацете може да помогнат во задржување на информациите.

Не погледнувајте во мобилниот за да го проверите времето додека разговарате со некого, бидејќи тоа е некултурно и покажува дека не сте заинтересирани за разговорот.

10-greski-vo-govorot-na-teloto (7).jpg

Неправилна позиција на прстите и рацете

Триењето на дланките или поставувањето на прстите од едната рака врз прстите од другата, така што формираат ѕвоно треба да се користи со внимание.

Тие гестикулации може да значат дека се обидувате да измамите некого или да им ги наметнете вашите размислувања, наместо да ги убедите.

10-greski-vo-govorot-na-teloto (8).jpg

Нерефлектирање на соговорникот

Рефлектирање на вашиот соговорник ви дозволува да воспоставите добра врска со него. Исто така, ја зајакнува самодовербата и ви дозволува да учествувате и во подлабоки разговори.

Според одредени истражувања, иако на мажите им е потешко да ги рефлектираат гестикулациите на својот соговорник за разлика од жените, сепак тие се под влијание на оваа техника и бараат други мажи коишто ги рефлектираат нив.

10-greski-vo-govorot-na-teloto (9).jpg

Кимајте со глава и насмевнувајте се

Насмевките или кимањето со глава може да се искористат како силен невербален знак за да кажете дека внимавате на разговорот. Насмевките ги опуштаат оние околу вас.

Додека некои луѓе нема да обрнат внимание на позицијата на рацете и нозете, сите ќе изреагираат на сигналите пренесени од вашето лице. Исто така, смеењето прави и вие да се чувствувате подобро. Обидете се.

10-greski-vo-govorot-na-teloto (10).jpg

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста