Утрински Весник
Свет

(Видео) Пожар во ковид-болница во Индија, голем број загинати

(Видео) Пожар во ковид-болница во Индија, голем број загинати

Најмалку 10 луѓе загинаа во пожар во приватна клиника која исто така лекува пациенти со Ковид-19 во Индија.

Пожарот избувнал синоќа на приземјето на трговски центар во Мумбаи и брзо се проширил низ зградата до катот на кој се наоѓала болницата „Изгрејсонце“, што предизвика евакуација на околу 70 пациенти.

Во моментот на пожарот, на клиниката имало најмалку седум пациенти поврзани со механичка вентилација.

Засега не е познато дали загинатите биле лекувани од Ковид-19, а роднините наскоро ќе ги идентификуваат нивните тела, пренесе „Раша тудеј“.

Повеќе од 20 противпожарни возила беа испратени на местото на пожарот, а истрагата за неговата причина е во тек.

Можете да прочитате

Арагчи: Во моментов нема можност за продолжување на преговорите со САД

Реактор во нуклеарна централа во Јапонија се исклучи откако се активира аларм за проблем со генераторот

Во Британска Колумбија прогласена вонредна состојба поради пожар, евакуирани се 22.000 луѓе