Утрински Весник
Македонија

81 лице хоспитализирано во ковид центрите во Скопје, се лекуваaт вкупно 613 пациенти

Во ковид центрите во Скопје хоспитализирани нови 25 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 81 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 613 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, информираат од министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 46 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 7 примени пациенти и 14 биле примени на Инфективната клиника во тек на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 4 нови пациенти и 5 деца се хоспитализирани на Клиниката за Детски болести во Скопје.

Во изминатите 24 часа дома биле пуштени 55 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 295 пациенти, велат од МЗ.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 114 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 138 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 38 лица. На Клиниката за Детски болести има 20 пациенти позитивни на Ковид- 19 вирусот и 7 на ГАК .

Според ресорното министерство голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

од таму додаваат дека бројот на приеми во изминативе денови е зголемен но и дека на сите инфективни одделенија има довод на кислород и болниците можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме