Утрински Весник
Свет

Данска ја продолжи суспензијата на вакцината на „Астра зенека“

Данска ја продолжи суспензијата на вакцината на „Астра зенека“

Данска ја продолжи суспензијата за употреба на вакцината против коронавирус на „Астра зенека“ за уште три недели.

Данска беше меѓу првите земји во Европа што привремено ја прекина вакцинацијата со вакцината на „Астра зенека“ пред две недели, по неколку случаи на згрутчување на крвта регистрирани во таа земја и на други места, пренесува „Ројтерс“.

Владата го извести данскиот парламент за продолжување на суспензијата утрово, објави телевизија ТВ2, повикувајќи се на неименувани извори.

Можете да прочитате

Закани од Хутите до Вашингтон: Следува брз и болен одговор доколку САД се вмешаат во Јемен

Американски сенатори бараат од Трамп да се откаже од увозот на руски дизел

Фараж најави замрзнување на постапките за азил до пет години ако неговата партија победи на изборите