Утрински Весник
Магазин

На Џони Деп не му дозволуваат да ја обжали пресудата за случајот клевета

На Џони Деп не му дозволуваат да ја обжали пресудата за случајот клевета

Лондонски апелационен суд го одби барањето на Џони Деп да поднесе жалба против пресудата на Вишиот суд дека тој физички ја нападнал поранешната сопруга Амбер Херд.

Минатата година американскиот актер ја загуби судската постапка за клевета против издавачот на британски „Сан“ поради написот што го означи како тепач на жена.

Деп побара од Апелациониот суд дозвола да ја оспори пресудата со цел да се поништат нејзините наоди и да издејствува повторно судење.

Но, денес судија во Апелациониот суд го одби барањето и рече дека неговата жалба „нема реални изгледи за успех“, пренесуваат светските медиуми.

Можете да прочитате

Сè забележуваат, малку кажуваат: Четири хороскопски знаци што тешко можете да ги измамите

Човештвото може да исчезне до 2100 година поради нуклеарна војна и злоупотреба на вештачката интелигенција

Големо откритие во физиката: Создадени првите нуклеарни часовници во светот