Утрински Весник
Магазин

Стрипот на Кијану Ривс добива и филм и аниме серија на „Нетфликс“

Стрипот на Кијану Ривс добива и филм и аниме серија на „Нетфликс“

Од убиец Џон Вик, култен суперхерој Нео, до рокер бунтовник Џони Силверхенд, омилениот актер Кијану Ривс никогаш не престанува да го воодушевува светот со неизмерливата ширина на своите таленти.

Неоспорно е дека неговата биографија е прилично импресивна, а опсегот на работа понатаму се шири, и не само како актер. Тој неодамна стана и ко-автор на ултра успешна серија Кикстартер-стрипови, под наслов BRZRKR.

Стриминг-гигантот „Нетфликс’ изрази интерес за последниот потфат на Ривс, и тие се согласија да создадат и игран филм и аниме серија.

Стрипот BRZRKR („Берсеркер“) има 12 броеви, го напишаа Мет Кинт и Кијану Ривс, а илустрацијата Рон Гарни.

Првиот број објавен на почетокот на овој месец е со огромен успех, и покрај тоа што захтеваше финансирање во износ од 2.6 милиони долари пред неговото објавување, тој веќе се продаде во неверојатни 615. 000 примероци. Не е лошо за деби во пишување стрипови.

Во врска со наративот, „Берсеркер“ ја раскажува приказната за платеник стар 80.000 години, кој ѝ ги нуди своите услуги на владата за возврат што таа му помогнала да ја открие тајната на неговата бесмртност.

Како што опишува „Нетфликс“ во својот твит, серијата е „брутално епска“ и веројатно ќе добие уште повеќе бидејќи Ривс ќе биде главниот лик во филмот и гласот во аниме адаптациите.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста