Утрински Весник
Свет

Брисел поделен околу извозот на вакцините, Меркел и Макрон се за радикален потег кон Британија

Брисел поделен околу извозот на вакцините, Меркел и Макрон се за радикален потег кон Британија

Европските лидери се поделени околу тоа дали да се забрани извозот на вакцини во Велика Британија, што би спречило владата на британскиот премиер, Борис Џонсон да ја отвори економијата до летото.

Радикалниот потег ќе се најде денеска на масата на лидерите на европските земји за време на видео самитот на ЕУ за епидемиолошките мерки на Стариот континен. Според добро упатени извори, кои сакаа да останат анонимни поради чувствителноста на темата, европските бирократи и лидери се лути што „Астразенека“ не ги достави договорените 120 милиони дози вакцини во блокот во првиот квартал, притоа почитувајќи ги сите одредби на договорот со британската влада.

Како резултат, земјите-членки им дадоа на своите граѓани само 10,4 дози вакцина на 100 жители, додека владата на Џонсон им обезбеди на Британците дури 42,7 дози.

Извори од Брисел потврдија дека ЕУ е подготвена да ја блокира испораката на вакцините на „Астразенека“ произведени во холандската фабрика, но тоа прашање предизвика голем раздор меѓу лидерите на членките пред денешниот клучен самит. Висок официјален претставник на ЕУ ги опиша внатрешните разговори за ова прашање како „тотално шоу“.

И Франција и Германија најавија дека ќе ја поддржат цврстата позиција усвоена од шефот на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и покрај дипломатската интервенција на Џонсон.

Но, многу други членки на ЕУ се вознемирени од идејата за блокирање на извозот, стравувајќи дека овој потег може да предизвика сериозна меѓународна штета на блокот. Ирскиот политичар Мајкл Мартин предупреди дека забраната ќе биде „многу ретрограден чекор“ што ќе се покаже како контрапродуктивен.

„ Ова не се вакцини на ЕУ. Тоа се вакцини кои ги плаќаат други земји, а се произведуваат во Европа“ – рече тој.

Холандија исто така се спротивставува на забраната за извоз, а холандскиот премиер Марк Руте заговара вонредни разговори меѓу Џонсон, Фон дер Лаен и „Астразенека“ за постигнување компромис.

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков