Утрински Весник
Свет

Бил Гејтс: Светот треба да се врати во нормала до крајот на 2022 година

Бил Гејтс: Светот треба да се врати во нормала до крајот на 2022 година

Светот треба да се врати во нормала до крајот на 2022 година благодарение на вакцините против Ковид-19, рече Бил Гејтс во интервју за полскиот весник „Газета Виборча“ и ТВ-каналот ТВН24.

„Ова е неверојатна трагедија“, рече коосновачот на „Мајкрософт“ за пандемијата, додавајќи дека единствената добра вест е пристапот до вакцините.

„До крајот на 2022 година треба да се вратиме во нормала“, рече Гејтс.

Гејтс, милијардер кој се повлече од челната позиција на „Мајкрософт“ во 2014 година, посвети најмалку 1,75 милијарда долари преку фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“ на глобалниот одговор на пандемијата. Тоа вклучува поддршка за некои производители на вакцини, дијагностика и потенцијални третмани.

Програмата Ковакс, со поддршка на Светската здравствена организација (СЗО) и Глобалниот сојуз за вакцини и имунизација (ГАВИ), се обидува да обезбеди две милијарди вакцини на посиромашните земји до крајот на 2021 година.

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција: Затворени училишта и спасени стотици граѓани

ЕК: ЕУ останува цврсто посветена на итно искоренување на насилството врз жените

Анкета: Повеќето Американци се задоволни од победата и потезите на Трамп при трансферот на власта