Утрински Весник
Свет

(Видео) Авион удри во куќа во Боливија

(Видео) Авион удри во куќа во Боливија

Авион на боливиските воздухопловни сили „ЈЛ-8“ се урна врз станбена зграда во провинцијата Чапаре, јавуваат локалните медиуми.

Најмалку едно лице загина, а две се повредени во оваа страшна несреќа.

Жртвите живееле во таа зграда, а двајцата пилоти наводно успеале да се катапултираат пред падот, но засега не е познато што им се случило.

Видеата од инцидентот кои кружат на социјалните мрежи покажуваат како жителите на погодената станбена зграда се обидуваат да го изгаснат пожарот што го предизвика овој настан.

Можете да прочитате

Над 240 случаи на Западнонилска треска во Европа

Трамп очекува конфликтот со Иран наскоро да заврши, Техеран вели дека американската дипломатија не успеала

Италија го отфрли шпанскиот ултиматум за укинување на граничните контроли