Утрински Весник
Свет

Северна Кореја лансира две забранети балистички ракети

Северна Кореја лансира две забранети балистички ракети

Северна Кореја денеска лансираше најмалку две ракети за кои се сомнева дека се балистички ракети, потврдија за Ројтерс официјални лица од Јужна Кореја, Јапонија и САД.

Тоа е најголемиот инцидент во Северна Кореја откако американскиот претседател Џо Бајден ја презеде должноста во јануари.

Севернокорејските балистички ракети се забранети со резолуциите на Советот за безбедност на ООН, а доколку лансирањето биде потврдено, тоа би претставувало нов предизвик за напорите на Бајден за соработка со Пјонгјанг, кои досега беа одбиени, објави Ројтерс.

Воениот штаб на Јужна Кореја потврди дека најмалку две неидентификувани ракети биле истрелани во морето од севернокорејската провинција Јужен Хамгионг на источниот брег.

Јужнокорејските и американските разузнавачки служби ги анализираат податоците за лансирање за дополнителни информации, се вели во соопштението.

Американски официјални лица исто така потврдиле за Ројтерс дека Северна Кореја извршила ново лансирање ракета, без да понудат детали за видот на лансираното оружје.

Можете да прочитате

Огромна инвестиција на Тојота во Индија – јапонскиот гигант планира три нови фабрики

Петер Маѓар го назначи зетот за министер

Во Финска почнуваат артилериски вежби на трупи од 10 земји во близина на руската граница