Утрински Весник
Свет

Француската армија заплени 6 тони кокаин

Француската армија заплени 6 тони кокаин

Француската армија заплени шест тони кокаин во вредност од околу милијарда евра, од товарен брод што дошол во таа земја од западниот брег на Африка, беше објавено денес.

Тоа е исто така најголема количина дрога некогаш запленета на море, соопшти француската армија, а пренесе агенцијата АП.

Како што е наведено, почетното пристаниште на товарниот брод било во Јужна Америка.

Бродот бил пресретнат во Гвинејскиот Залив во неделата наутро, откако француската армија била предупредена за сомнителен товар.

Се додава дека за отстранување на кокаинот од бродот ангажирана била специјална хеликоптерска единица.

Можете да прочитате

Отворена истрага откако иранска телевизија објави видео со упатства како да се убие Меланија Трамп

Собјанин: Москва ноќеска беше нападната со повеќе од 390 дронови

Тела на пет бебиња пронајдени во картонски кутии во семејна куќа на југот на Франција