Лидерот на Македонски концепт, Петар Богојески на Фејсбук повика граѓаните да не го бојкотираат пописот и да се попишат.
-Попис во Македонија (Солунски вилает) 1905 година… Денес не прашуваат каде ви се дедовците бре Македонци, зошто не се попишале? Имаме одговор на тоа! Затоа што со закон било забрането да постои и да се користат термини Македонија и Македонци!
Попис во Македонија (Вардарски вилает)
2021 година…
После 100 години некој ќе ги праша нашите внуци, каде ви се дедовците бре Македонци, зошто не се попишале? Што ќе одговорат на тоа?!? Дека во независна Македонија во 2021 година било забрането да се попишат Македонци, како за време на ропството?!? Нели е срамота за нас, денешните Македонци?!? Да дозволиме некој да ги понижува нашите внуци, како што некој денес не понижува нас?!? Ако нашите дедовци немале избор, ние имаме избор!!! СЕ ПОПИШАВ, ЗНАЧИ ПОСТОЈАМ!!! Во време кога сме оспорувани, нема да постои поголем доказ пред светот дека постоиме Македонците, од тоа масовно да се попишеме сите милиони Македонци од целиот свет!!!
Така ќе победи македонштината! Така ќе победи Македонија!!!, напиша Богојески.