Утрински Весник
Спорт

Бејл планирал да се врати во Реал

Бејл планирал да се врати во Реал

Герет Бејл со репрезентацијата на Велс се подготвува за квалификациските натпревари, за пласман на Светското првенство. И од Велс со една своја изјава предизвикал бура во шпанската јавност. Крилниот напаѓач, кој оваа сезона е позајмен во Тотенхем, на Шпанците им открил дека по завршувањето на сезоната ќе се врати во Реал. Открил дека се преселил во Тотенхем за да ја достигне оптималната форма за Европското првенство.

„Иднината не ми го одвлекува вниманието. Единствената причина поради која дојдов во Тотенхем, оваа сезона, беше да играм фудбал, за да ја подигнам формата пред ЕП. Од почетокот планот беше да ја одработам сезоната во Тотенхем, а потоа по ЕП да се вратам во Реал“, рекол Бејл и дополнил.

„Мојот план е да се вратам назад“.

Шпанците се шокирани од оваа одлука бидејќи Велшанецот не е во најдобри односи со тренерот на Реал, Зинедин Зидан.

Бејл со Реал има освоено четири трофеи во Лигата на шампионите и два во Ла Лига.

> Бејл планирал да се врати во Реал <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Евролига со високи казни за белградските екипи

Русија се враќа на светските првенства во хокеј на мраз

Мбапе: Петте победи на Реал по ред не значат ништо, сакаме да победиме на секој натпревар