Утрински Весник
Македонија

Скопјанец изработил и користел лажна платежна картичка

Ограбен банкомат во Кичево

Дваесет и седумгодишно лице од Скопје изработило и употребило лажна платежна картичка, информираат од министерството за внатрешни работи.

Од таму појаснуваат дека единицата за економски криминал и корупција Скопје поднела кривична пријава против А.Љ.(27) од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „изработка и употреба на лажна платежна картичка“.

На 17.03.2020, откако пријавениот претходно ги прибавил банкарските податоци од платежна картичка сопственост на оштетениот О.З, истите ги употребил за вршење на четири неовластени трансакции на интернет, со што предизвикал материјална штета и се здобил со противправна имотна корист, велат од МВР.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Голем пожар во Радовиш, гори поранешна фабрика

Во автобус од Германија пронајдени непријавени 34.965 евра, приведени возачот и патник

Заедничка акција на МВР и Шумската полиција – одземаат украдени огревни дрва во Арачиново