Утрински Весник
Спорт

Пок на Енио Тардини – Прандели замина од Фиорентина

Пок на Енио Тардини – Прандели замина од Фиорентина

Чезаре Прандели од денес повеќе не е тренер на Фиорентина. Искусниот тренер ги шокирал сите во клубот со одлуката да поднесе оставка.

На местото на Прандели, на „Енио Тардини“, ќе се врати Бепе Јакини.

„Виолетовите“ не се во добра форма, имаат само три победи на последните 11 натпревари, во Серија А се на 14.позиција. Сепак, оставката на Прандели претставува изненадување.

Интересно, во ноември минатата година, кога беше именуван за тренер на Фиорентина, Прандели дојде на местото на Јакини.

> Пок на Енио Тардини – Прандели замина од Фиорентина <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Арсенал го освои пехарот, Ливерпул избори ЛШ, Вест Хем испадна

Голема победа за Охрид во првото финале од ЕХФ Европскиот куп

Уапсени 12 и приведени 16 лица пред почетокот на финалето на Евролигата во Атина