Утрински Весник
Магазин

Истражување: Недостатокот на витамин Д води до потешки форми на Ковид-19

Истражување: Недостатокот на витамин Д води до потешки форми на Ковид-19

Студија спроведена во Италија на луѓе кои се опоравиле од Ковид-19, покажала дека недостатокот или ниското ниво на витамин Д во организмот е поврзан со потешки форми на болеста, пишува весникот „Ла Санита“, посветен на медицинскиот персонал.

Резултатите од истражувањето заеднички спроведено од Високиот институт за здравство и римската болница „Санта Андера“, покажуваат дека луѓето со коронавирус, кои имале ниско ниво или недостаток на витамин Д во организмот, имале потежок тек на болеста, посилно воспаление, поголема подложност на згртутчување на крвта и потешки форми на пневмонија.

Се смета дека нивото на витамин Д во организмот е ниско ако е под 10 нанограми (еден нанограм одговара на 0,001 микрограм).

Во студијата, кај пациенти кои имале ниско ниво на витамин Д, биле измерени 6,5 проценти, додека нормалната вредност е 13,5 проценти.

Витаминот Д се внесува во организмот преку изложеност на сонце и исхрана, а неговата улога е важна за апсорпција на фосфор и калциум.

„Во овој момент, рано е да се каже дека витаминот Д може да игра важна улога во борбата против Ковид-19 и да ја намали смртноста од инфекцијата, но витаминот Д секако може да се препорача како корисен додаток за сите пациенти“, заклучува студијата која е објавена во научното списание „Респиратори рисрч“.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста