Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Швајцарија ја одобри вакцината „Џонсон и Џонсон“, но сè уште не ја нарачува

Швајцарија ја одобри вакцината „Џонсон и Џонсон“, но сè уште не ја нарачува
Img 7972

Швајцарскиот регулатор на лекови, ја одобри вакцината „Џонсон и Џонсон“ против Ковид-19, изјави денеска портпаролот на агенцијата, со што во земјата досега одобрени се три вакцини: „Џонсон и Џонсон“, „Фајзер/Бионтек“ и „Модерна“.

Швајцарија сè уште не нарачала од вакцината.

„Џонсон и Џонсон“ се прима само во една доза, а досега е одобрена во САД, Канада и ЕУ.

Иако пратките за вакцини во САД се веќе почнати, Европа вакцината ќе ја добие дури во вториот квартал.

Глобалното истражување на „Џонсон и Џонсон“, спроведено на 44.000 луѓе, покажало дека вакцината е 66 проценти ефикасна во спречување на умерен до тежок вид на коронавирус, четири недели по вакцинацијата. Вакцината е 100 проценти ефикасна во спречување на хоспитализација и смрт.

Швајцарија нема да ја нарача вакцината веднаш, бидејќи верува дека веројатно нема да може да ја добие, поради потешкотии во снабдувањето.

До денес, Швајцарија примила 1,38 милиони дози вакцини на „Фајзер“ и „Модерна“, а искористени се 1,34 милиони, соопшти Федералното Министерство за здравство. Околу 433.000 луѓе ги примија двете дози.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Најмалку 15 луѓе загинаа при лизгање на земјиштето во Индија

Поради израелската блокада на болниците во Појасот Газа бебињата делат маски со кислород

Тунберг му одговори на Трамп: И ти страдаш од проблеми со агресија