Утрински Весник
Македонија

Штипскиот градоначалник назначи нови директори на двете комунални претпријатија

Штипскиот градоначалник назначи нови директори на двете комунални претпријатија

Три месеци по преземањето на градоначалничката функција во Штип, Сашко Николов ги разреши двајцата директори на штипските јавни претпријатија „Исар“ и „Стипион 2011“, поставени од неговиот претходник Благој Бочварски.

„Досегашните двајца директори достигнаа плато, права линија и затоа се назначени нови, кои ќе донесат нова енергија во двете јавни претпријатија“. Вака смената ја образложи градоначалникот Сашко Николов, кој ја соопшти одлуката за разрешување.

„Решив денеска да ги разрешам двајцата директори од таа позиција, со што на нивно место ќе назначиме нови двајца директори. ЈП„Исар“ ќе добие нов директор, господинот Здравко Коцев, а ЈП „Стипион“ ќе добие нов директор господинот Трајче Коштанов. Сегашните директори ќе бидат назначени како советници во мојот кабинет“, кажа Николов.

Во ЈП „Исар“ на местото на Живко Тасев, доаѓа Здравко Коцев, актуелен вработен во МВР, кој пред осум години ја вршеше директорската функција во ова јавно претпријатие. Во „Стипион 2011“ нов предлог на градоначалникот Николов е Трајче Коштанов, кој ќе го замени Сашко Протогеров. Коштанов во изминатите три месеци беше координатор за јавните претпријатија во кабинетот на градоначалникот.

Коцев и Коштанов ќе бидат именувани за в.д. директори, до разрешувањето на досегашните од страна на Управните одбори на претпријатијата, бидејќи нивните мандати не се завршени.

На досегашните директори Тасев и Протогеров, градоначалникот Николов им ја понудил позицијата советници во неговиот кабинет, додека во јавните претпријатија ќе се вратат на нивните претходни работни места. Доколку прифатат, како што изјави Николов, редовните петочни состаноци ќе се одржуваат со новите в.д. директори и двајцата досегашни, кои ќе ја имаат улогата на советници на градоначалникот.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Ердоган: Споровите околу изворите на вода предизвикуваат конфликти низ светот

Ставот за прегласувањетo ДУИ ќе го формира со коалициските партнери од Европски фронт

Ахмети: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ прават се за да добијат двајца пратеници од Фронтот, но ние ќе ги обелодениме сите детали од тајните договори