Утрински Весник
Свет

Во Хрватска 150 новозаболени oд коронавирус, 13 починати

Во Хрватска 150 новозаболени oд коронавирус, 13 починати

Во изминатите 24 часа беа евидентирани 150 нови случаи, така што бројот на активни случаи во Хрватска денес е вкупно 6.280, објави Националниот штаб за цивилна заштита.

Меѓу нив, 1.033 пациенти се во болница, од кои 95 се на апарати за дишење. Во изминатите 24 часа оздравелее 779 лица и биле тестирани 2.521 лице. Учеството на позитивни кај испитаниците е 6 проценти.

Бројот на новозаразени е значително помал отколку во претходните денови, бидејќи биле испитани значително помалку луѓе, што е редовна пракса за време на викендите.

Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, досега се евидентирани вкупно 257.789 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 150 во изминатите 24 часа.

Закрепнале 245.723 лица, од кои 779 во изминатите 24 часа. Во изминатите 24 часа починале 13 лица, вкупно 5.786 лица.

До денес се тестирани вкупно 1.477.537 лица, од кои 2.521 во последните 24 часа. Во моментов има 21.879 лица во самоизолација.

„Бројот на новоинфицирани оваа недела е за 44 проценти поголем од бројот на новоинфицирани минатата недела. Инциденцијата на 100.000 жители во Хрватска во последните 14 дена е 273,5“, рече Крунослав Чапак, директор на Хрватскиот институт за јавно здравје.

Според агенцијата за лекови ХАЛМЕД, досега се примени 1.986 извештаи за несакани ефекти на вакцините – од кои 1.044 на „Фајзер“ и 782 на „Астразенека“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Ново разрешување од функција на висок претставник во кинеската армија поради истрага за „сериозно кршење дисциплина“

Американска база од 1959 година забележана под 30 метри мраз на Гренланд

Истражување: Загадувањето на воздухот од пожари е поврзано со 1,5 милиони смртни случаи годишно