Утрински Весник
Свет

Германска пратеничка од партијата на Меркел почина oткако ѝ се слошило во авион

Германска пратеничка од партијата на Меркел почина oткако ѝ се слошило во авион

Карин Штренц од партијата на канцеларката Ангела Меркел почина откако загубила свест во авион за време на повратен лет кон Германија.

Штренц (53) се враќала од Куба заедно со нејзиниот сопруг, изјави нејзиниот колега и пратеник Екарт Рехберг од Христијанско-демократската унија (ЦДУ), пренесува агенцијата АП.

Авионот итно слетал во Ирска, но лекарите не биле во можност да ја спасат Штренц, изјавил доцна синоќа Рехберг.

Не е познато што ја предизвикало смртта и зошто таа патувала во Куба.

Штренц беше членка на германскиот парламент од 2009 година.

На почетокот на минатата година, таа и уште еден пратеник беа мета на обвинителството, кое истражуваше наводни трансфери на пари од Азербејџан.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Велика Британија ќе признае палестинска држава овој викенд

Трамп го прогласи антифашистичкото движење „Антифа“ за терористичка организација

Трамп стигна во Британија, а лабораторијата GSK веднаш објави инвестиции од 30 милијарди долари во САД