Утрински Весник
Македонија

Маричиќ во Брисел на средби со еврокомесари и европратеници

Маричиќ во Брисел на средби со еврокомесари и европратеници

Министерот за правда Бојан Маричиќ од денеска престојува во неколку дневна работна посета на Брисел. Предвидени се средби со еврокомесари и европратеници на кои ќе се разговара за реформските процеси во земјава, европските реформи со фокус на оние во ресорот правда.

За време на посетата предвидено е Маричиќ да се сретне со потпретседателката на Европската комисија за транспарентност и вредности Вера Јурова, европратениците Андреас Шидер, Тања Фајон, Јуан Фернандо, Желјана Зовко, Катарина Барли, Ирена Јовева и Владимир Биличиќ. Дополнително предвидена е средба со известителот во Европскиот парламент за Северна Македонија Илхан Ќучук.

Министерот за правда Маричиќ во Брисел ќе учествува и на видео настан во организација на Центарот за европска политика (ЕПЦ) каде ќе зборува за европските перспективи на Северна Македонија и владеењето на правото.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Генералниот секретар на ТХП, Џабир Доко: Претставеноста на турската заедница не смее да биде сведена на симболика

Тошковски: Водата во Гостивар е безбедна за техничка употреба, но не и за пиење

Кривична пријава за сопственик на фирма, го оштетил буџетот за над 60.000 евра