Утрински Весник
Свет

Од денеска во Србија се затворени само угостителските објекти и трговските центри

Од денеска во Србија се затворени само угостителските објекти и трговските центри

Србија донесе одлука од денес во 6 часот угостителските објекти и трговските центри да останат затворени.

Објектите за продажба на храна и културните институции можат да работат до 21 часот, а сите други објекти до 20 часот, во согласност со пропишаните мерки.

Според последните податоци, во земјата се хоспитализирани 5.531 пациент со коронавирус, додека 235 лица се на апарати за дишење.

Вчера од вирусот починале 34 пациенти, а биле потврдени 4.232 нови случаи од 12.442 тестирани.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп е во сериозни проблеми поради Иран

Иран испали ракети врз Тел Авив како одмазда за убиството на Лариџани

Русија го снабдува Иран со сателитски снимки и технологија за беспилотни летала