Утрински Весник
Свет

(Видео) Насилни протести во Бристол, повредени полицајци, запалени возила

(Видео) Насилни протести во Бристол, повредени полицајци, запалени возила

Двајца полицајци се сериозно повредени, а најмалку двајца полициски автомобили се запалени за време на насилните протести против ограничувањата во Бристол.

Илјадници демонстранти синоќа се собраа во центарот на овој англиски град, игнорирајќи ги епидемиолошките мерки, во знак на протест против законот со кој на полицијата ќе ѝ се дадат нови овластувања за ограничување на уличните протести.

Полицијата соопшти дека протестот започнал мирно, но подоцна мала група предизвикала насилство, објави „Ројтерс“.

Повредените полицајци биле пренесени во болница, едниот со скршеница на раката, а другиот со скршени ребра.

Објектите околу полициската станица во центарот на градот беа вандализирани.

Некои демонстранти фрлија факели кон полицајците, се обидоа да превртат полициско комбе, се искачија на ѕидот на полициската станица и напишаа графити.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Итно предупредување од ИРГЦ: Држете се подалеку од нафтените објекти во Саудиска Арабија, ОАЕ и Катар

Ликвидиран иранскиот министер за разузнавање Есмаил Хатиб

НАТО распоредува повеќе одбранбени сили за заштита на базата во Турција