Министерството за здравство има промашени приоритети. Наместо вакцини, тие набавуваат лубриканти и кондоми. Ова го изјави на прес-конференција, Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој рече дека договорите биле склучени кон крајот на декември минатата година. Еден од договорите е во вредност од околу 750 илјади денари, вториот е во вредност од речиси 476 илјади денари, а третиот договор е во вредност од скоро 182 илјада денари.
„Замислете, во време кога недостасуваат вакцини, лекови на позитивна листа и кога нородот си ги плаќа од свој џеб антикоагулантите Клексан и Ксарелто, некој одлучил да набавува лубриканти и кондоми. Ваквите набавки на лубриканти и кондоми, единствено му одат од рака на министерот Филипче. Прашуваме дали ваквите набавки повторно се водени од провизии? Пари, во земјава има за кондоми и лубриканти, за подновување на возниот парк на функционерите, и за други непотребни трошоци, ама, пари за доволна лична заштитна опрема, за обезбедување на неинвазивна вентилација за пациентите, за медикаменти и се што е потребно за справување со последиците од корона кризата нема. И така, поради непотребно трошење на народни пари, Македонија не се најде ниту на листата на 19 земји за кои Европската унија од солидарниот фонд додели пакет вреден 530 милиони евра“, рече Николов.
Тој додаде дека во меѓувреме, Филипче и Заев не успеале да постигнат ниту еден договор за набавка на вакцини против коронавирус, освен обидот да го измамат официјален Пекинг преку фантом фирма за што авансот им бил вратен.