Утрински Весник
Македонија

Македонски новинари ќе се вакцинираат во Србија

Истражување на ССНМ – Новинарите и медиумските работници со плата далеку под просечната

Сто македонски новинари ќе може да се вакцинираат во Србија, преку Македонската асоцијација на новинари во соработка со партнерското Здружение на новинари на Република Србија.

МАН ги повикува сите медиумски работници кои сакаат да се вакцинираат за заштита од вирусот Ковид-19, да се пријават на официјалниот емаил: [email protected], најдоцна до 19 часот, недела 21 март со: име и презиме, ЕМБГ, емаил адреса и редакција, за вакцинација која ќе се изврши на 23 март 2021 година.

На барање на МАН во соработка со партнерското Здружение на новинари на Република Србија преку кабинетот на претседателот на Србија, обезбедени се вакцини од „Астразенека“ за 100 медиумски работници кои ќе се пријават за вакцинација.

Терминот за вакцинација е во 12.00 часот во вторник, 23 март.

Ќе се вакцинираат единствено лицата кои ќе бидат официјално пријавени до МАН.

Вакцините и ревакцините за 100 медиумски работници се бесплатни. МАН организира и автобуски транспорт од Скопје до Врање и назад.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

По повеќе од две децении – Клиничката болница Битола добива нова современа опрема

Тошковски: 496 нови полициски службеници ја засилија македонската полиција – инвестициите во реформите и обуката создаваат професионални чувари на безбедноста

Бид Бук не е дозвола за набавка без тендери туку проектна апликација – Мицкоски ја манипулира јавноста за „Скопје 2028″