Утрински Весник
Свет

Бугарскиот водител Слави Трифoнов му понуди работа на Васил Гарванлиев

Бугарскиот водител Слави Трифoнов му понуди работа на Васил Гарванлиев

Познатиот бугарски водител и шоумен Слави Трифонов му понуди на македонскиот претставник на „Евросонг“, Васил Гарванлиев, да стане дел од неговата екипа, со што ќе му биде обезбедена „работа и достоен живот“.

Според Трифонов, Гарванлиев во Македонија е во опасност да падне во немилост кај своите сограѓани, поради тоа што јавно кажал дека се чувствува како Бугарин и дека има бугарски пасош. Против пејачот, според Трифонов, се води кампања тој да не ја претставува Северна Македонија на „Евровизија“.

Васил Гарванлиев, който трябва да представлява Северна Македония на конкурса “Евровизия”, е заплашен да бъде низвергнат…

Posted by Слави Т. Трифонов on Thursday, 18 March 2021

„ Но почитувани сонародници, Бугарија е секаде, каде што има барем еден Бугарин. И додека има еден Бугарин во Северна Македонија, пардон, во Северна Македонија има многу Бугари, но јас мислам конкретно на Васил Гарванлиев, затоа му го предлагам следното: Василе, драг пријателе, ти си добар пејач, а јас и моите колеги имаме искуство во продуцирањето на добри пејачи. Повели кај нас и јас и мојата екипа ќе ти обезбедиме работа и достоен живот. Решението е твое. Ние Бугарите треба да се поддржуваме,“ напиша Слави Трифонов на Фејсбук.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме