Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Нема договор со „Фајзер“, а има провизии за кинески вакцини

(Видео) Мицкоски: Ако го доведе во прашање идентитетот Владата ќе се соочи со народот, а јас ќе бидам во првите редови

Изјавата на министерот за здравство, Венко Филипче, кој рече дека од „Фајзер“ добиле дополнително барање поради што договорот за набавка на вакцини се уште не е постигнат, ја искоментира на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

https://press24.mk/filipche-prizna-nemame-dogovor-so-fajzer

Обновено. Разбиена уште една владина лага. Нема договор со…

Posted by Hristijan Mickoski on Friday, 19 March 2021

„ Обновено. Разбиена уште една владина лага. Нема договор со Фајзер, а има провизии за кинески вакцини.

Тоа што сте неспособни сите знаеме, ама тоа што ги лажете граѓаните, луѓе животи губеа и губат, голем дел трауми ќе носат со себе цел живот, ви ветувам дека ќе има одговорност. Порано или подоцна. Подгответе се“ напиша Мицкоски на Фејсбук.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

УХМР најавува пообилни врнежи, особено во текот на ноќта и локално услови за невреме со силен ветер

Македонец баран со меѓународна потерница уапсен во Албанија

Николовски: Оставка од Трипуновски затоа што остави илјадници земјоделци без пари и блокираше  130 милиони евра