Утрински Весник
Македонија

ДЗС: Стапката на невработеност лани била 16,4 отсто и е за 0,9 отсто помала во однос на 2019 година

Хелсиншки и „Гласен текстилец“: Владата да забрани работа за текстилните работнички додека трае полицискиот час

Стапката на невработеност во земјава лани се намалила на 16,4 отсто и била за 0,9 отсто помала во споредба со 2019 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Стапката на активност во 2020 година била 56,4 отсто, стапката на вработеност 47,2 отсто, додека стапката на невработеност 16,4 отсто.

Сепак, статистичките податоци покажуваат дека во четирите квартали од минатата година опаѓала и стапката на активност, но и стапката на вработеност во земјава.

„Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2020 година, активното население во Република Северна Македонија изнесува 950.858 лица, од кои вработени се 794.909, а 155.949 лица се невработени“, се наведува во соопштението на Државниот завод за статистика.

Она што загрижува е дека во 2020 година продолжило зголемувањето на стапката на невработеност кај младите лица на возраст од 15 до 24 години. Кај нив стапката на невработеност се зголемила од 35,6 отсто во 2019 година на 35,7 отсто во 2020 година, додека кај другите возрасни категории лани имало намалување на невработеноста.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Денеска се празнува света великомаченик Мина

СДСМ ќе го одржи 30-тиот конгрес

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“