Утрински Весник
Свет

Данските градови воведуваат квоти за незападни жители

Данските градови воведуваат квоти за незападни жители

Данската влада најави воведување квоти за одредени делови од градовите за населување странци. По гето-листата, данската влада во некои делови од градовите сака да воведе ограничување од 30 проценти за незападните жители.

Целта е да се спречи создавањето паралелни општества, рече владата.

Целта дека во одредени делови на данските градови не смее да живеат повеќе од 30 проценти од незападните жители треба да се постигне во рок од десет години.

Годишно веќе се воспоставува т.н. гето-листа, која вклучува делови од градови со повеќе од 1.000 жители, во кои половина доаѓаат од незападните земји, како и во кои е зголемена стапката на невработеност, како и стапката на криминал.

Во моментот има 15 дела од градовите на листата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk