Според официјалните податоци, во последните 24 часа починале 30 лица како резултат на коронавирус во Србија, така што вкупниот број на жртви се зголеми на 4.840, објавено е на веб-страницата на Министерството за здравство covid19.rs.
Од последниот пресек на ситуацијата во Србија, 18.017 лица биле тестирани за коронавирус, а регистрирани се 5.346 случаи на инфекција.
На апарати за дишење се приклучени 222 пациенти, а хоспитализирани се вкупно 5.099 лица.
Од почетокот на епидемијата во Србија официјално се потврдени 536.904 случаи на инфекција.
Стапката на смртност е 0,90 проценти.
Досега во Србија на коронавирус се тестирани вкупно 3.218.400 лица.