Вакцината „Џонсон и Џонсон“ се препорачува и во земјите каде циркулираат позаразните видови на коронавирусот, соопштија експертите од Светската здравствена организација .
Стратешката советодавна група на експерти за вакцинација при СЗО, ги објави своите препораки за употреба на вакцини изработени од американската фармацевтска компанија „Џонсон и Џонсон“.
„Препорачуваме да се користи во земјите каде е забрзано ширењето на новите видови на Ковид-19 и во земјите каде што имаме информации за употребата на оваа вакцина за контрола на САРС-CoV-2 што ги предизвика овие соеви“, рече Алехандро Кравиото, претседател на експертската група на СЗО.
„На глобално ниво, по прегледот на податоците, имаме вакцина која е безбедна, додаде тој, повторувајќи дека вакцината од ова компанија се препорачува за секој над 18-годишна возраст, без ограничување на возраста.
Инаку тоа е прва вакцина со одобрение на СЗО во една доза, наместо во две, и може да се чува на ладни температури.
Вакцината на „Џонсон и Џонсон“ беше итно одобрена во САД кон крајот на февруари.
Исто така беше одобрена во Канада на почетокот на март и во Европската унија, а веќе започна да се применува од Јужна Африка.