Утрински Весник
Македонија

Милошоски: За интерпелацијата на Венко Филипче имаме поддршка и од другите опозициски партии

Милошоски: За интерпелацијата на Венко Филипче имаме поддршка и од другите опозициски партии
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, денеска нагласи дека во врска со аферата со набавката на кинеските вакцини, наговата партија поднела интерпелација за министерот за здравство Венко Филипче и додаде дека за истата поддршка даваат и другите опозициски партии.

Тој изрази и надеж дека интерпелацијата брзо ќе се најде на дневен ред на собраниска седница.

„Интерпелацијата од министерот за здравство ја побаравме во Собранието, поддршка за интерпелацијата даваат и другите опозициони партии и се надевам дека г-динот Џафери ќе ја стави интерпелацијата што поскоро на дневен ред, затоа што цениме дека бројот на заразени, бројот на за жал починати граѓани, бројот на невработени кои што се создадоа во државата како резултат на лошото менаџирање со пандемијата и трчањето по провизии со фантом фирма од Хонгконг наместо набавка на вакцини за имунизација на населението, се големи причини за еден министер сам да си поднесе оставка или ако не е доблесен да го направи тоа, тогаш пратениците и Собранието да му изгласаат недоверба“, посочи Милошоски.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Викендов следува значителен пораст на температурите и силен јужен ветер

Касами со апел: Екстремен мраз на улиците, граѓаните да останат дома

Вечерва тешко проодни патишта и заглавени возила низ Македонија