Утрински Весник
Свет

Полска пред затворање, 25.000 новозаразени и повеќе од 450 починати

Полска пред затворање, 25.000 новозаразени и повеќе од 450 починати

Полска пријави 25.052 новозаболении според податоците на Министерството за здравство, што е најголем број оваа година во земјата која се приближува кон воведување на општ карантин.

Во Полска, воспоставени се регионални затворања за да се спречи ширењето на многу заразната британска варијанта, а владата рече дека е можно затворање низ целата земја доколку не се запре растот на бројот на новоинфицирани.

Бројот на заразени во средата го надмина претходниот рекорден број од 2021 година, забележан во саботата, кога имало 21.049. Во последните 24 часа, 453 лица починаа од Ковид-19.

Во Полска, која има 38 милиони жители, се забележани вкупно 1.956.974 заболени и 48.032 починати.

Дневниот број на заразени се зголемува и се приближува до рекордот од 7 ноември, кога имаше 27.875.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Гардијан: Британски компании за водоснабдување испуштаат отпад во постројки за пречистување

Руската компанија „Јандекс“ соопшти дека нејзиниот центар за податоци во градот Владимир прекинал со работа по украински напад со дрон

Чешката опозиција оствари успех на изборите за Сенатот