Утрински Весник
Свет

Државниот секретар на САД: Кина е агресивна во Азија, се однесува репресивно

Државниот секретар на САД: Кина е агресивна во Азија, се однесува репресивно

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, тврди дека Кина се однесува агресивно и репресивно, наведувајќи ги потезите во Источното и Јужното Кинеско Море каде што има територијални спорови со Јапонија и други азиски земји.

Говорејќи на тркалезна маса со јапонски новинари во Токио, Блинкен рече дека Пекинг со своите поморските активности и распоредувањето спрема Тајван во регионот ги зголемува тензиите, наместо да ги намалува.

Блинкен е во посета на Јапонија и Јужна Кореја заедно со министерот за одбрана Лојд Остин во обид да ги зајакне сојузите на САД со Азија и ова е прво патување во странство на водечките членови на администрацијата на претседателот Џо Бајден.

Главните територијални претензии на Кина во Источното и Јужното Кинеско Море се приоритетно прашање во затегнатите кинеско-американски односи и важна безбедносна грижа за Јапонија.

Според Блинкен, „Пекинг се однесува порепресивно дома и поагресивно во странство, вклучувајќи го и Источното Кинеско Море и Сенкакусе, како и Јужното Кинеско Море и Тајван“.

Блинкен и Остин разговараа за овие прашања вчера со јапонските колеги во формат 2 + 2 во Токио и пред првиот состанок на Блинкен со кинеските колеги кон крајот на оваа недела на Алјаска.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Еквадор со  дополнителни 10.000 војници ќе се бори против наркокартелите

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд

Маск судски бара 134 милијарди долари од OpenAI и Microsoft