Утрински Весник
Македонија

Комисија од пет члена ќе утврдува дали имало неправилности во случајот со родилката на која ѝ беа извадени три органи

Комисија од пет члена ќе утврдува дали имало неправилности во случајот со родилката на која ѝ беа извадени три органи

Министерот за здравство Венко Филипче донесе решение за формирање Комисија за вршење на надзор на стручната работа на ЈЗУ ОБ Струга, а во врска со дијагностиката и лекарскиот третман на пациентката Јилдиз Веапоска, на која ѝ беа извадени три органи за време на породување.

Комисијата која е составена по барање на министерот, има 5 члена, и има задача да изврши надзор над стручната работа на ЈЗУ ОБ Струга, а во врска со дијагностиката и лекарскиот третман на пациентката. За извршениот надзор Комисијата во рок од 8 дена од денот на завршување на надзорот над стручната работа треба да достави извештај до Министерството за здравство.

Филипче бара од Комисијата, извештајот задолжително да содржи констатирана состојба, евентуални недостатоци, неправилности или пропусти во вршењето на стручната работа, а особено во однос на спроведувањето на стручните упатства и условите и начинот на укажување на здравствена заштита. Членовите на Комисијата формирана од Филипче, треба да дадат стручно мислење за состојбата во установата и настанатите или можни последици по здравјето на пацинетот и предлог за определување мерки за отстранување на недостатоци или прпопусти и рокови за нивно отстранување.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Во прекин железничкиот сообраќај – машинскиот извршен персонал во бојкот

Левица тврди: Власта прави „данок на сиромаштија“ од инфлацијата

Пензионерите протестираат пред Уставниот суд: Продолжете го линеарното покачување