Утрински Весник
Македонија

Османи и Борисов без најава се сретнаа на аеродромот во Софија

Османи и Борисов без најава се сретнаа на аеродромот во Софија

Министеерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари средба со премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, без претходна најава.

За средбата, Османи информираше на својот Фејсбук профил.

Двајцата се сретнале на софискиот Аеродром, а засега нема детали за што било разговарано.

Средба со Премиерот на Р. Бугарија Бојко Борисов на Софискиот Аеродром!
Takim me kryeministrin Bullgar, Bojko Borisov në aeroportin e Sofjes!

Posted by Bujar Osmani on Tuesday, March 16, 2021

Средбата претходно не беше најавена. Она за коешто претходно информираа од МНР беше дека Османи заминува во посета на Швајцарија и Шпанија, каде ќе ја мобилизира дијаспората да се попише и ќе го презентира европското досие на земјата.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Јаневска за манипулациите со оценки на УГД: Секогаш ќе има поединци што го злоупотребуваат системот, важно е дека се откриени

Девојката веќе еднаш се спасила бегајќи преку прозорец – момчето и се заканувало со смрт, а минувачи повикале полиција

Над 20.000 евра „заработиле“ две лица кои менувале оценки на УГД Штип, ОЈО бара притвор