Утрински Весник
Македонија

Влада: Секој што ќе се најде на граница за време на полициски час мора да биде пропуштен

Влада: Секој што ќе се најде на граница за време на полициски час мора да биде пропуштен

Владата најостро ги отфрла, како што вели, грубите манипулации изнесени во написите на одредени портали и на прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ за наводен “скандал” дека додека граѓаните се казнувале, премиерот Заев се јавувал да се пропуштаат автомобили, при што наводно законите не важеле еднакво за сите.

Владата потсетува дека на својата 51 седница, кога беше донесена актуелната одлука за ограничување на движењето, со посебен заклучок определи дека ќе се пропуштаат сите патници со возила кои ја напуштиле територијата на земјата пред воведувањето на забраната.

„Дополнително, на седница на Главниот кризен штаб донесен е заклучок дека сите наши граѓани што се враќаат од странство и влегуваат на територијата на Северна Македонија, на кој било од граничните премини, во временски период додека важи забраната и посебниот режим на движење, да им биде одобрено движење од граничниот премин до нивното престојувалиште или живеалиште“, велат од Владата.

Додаваат дека правата важат за сите, па секој граѓанин затекнат на граница после 22:00 часот има право да стигне до својот дом и никој не смее да не го обезбеди или да го попречува тоа право.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Бројот 192 е во прекин – Еве каде може да пријавите доколку имате потреба

Левица: ДПМНЕ, ВРЕДИ И ЗНАМ не гласаа за 500 евра минимална плата – десничарската влада се однесува како античка олигархија

Соопштение од Д-р Пановски: Целосно е невозможно кој било фармацевтски компании тајно или јавно да договараат цени на лекови