Утрински Весник
Свет

СЗО ги анализира извештаите поврзани со „Астра зенека“, засега нема докази

СЗО ги анализира извештаите поврзани со „Астра зенека“, засега нема докази

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека ги анализира извештаите поврзани со вакцината на „Астра Зенека“ против Ковид-19, но засега нема докази дека некои здравствени инциденти биле предизвикани од вакцината.

Портпаролот на СЗО, Кристијан Линдмаер, вели дека препораките ќе бидат јавно објавени откако ќе добијат целосен увид во настаните.

 

„Важно е кампањата за вакцинација да продолжи, за да можеме да спасуваме животи и да го запреме сериозното ширење на вирусот“, рече Линдмаер.

Британскиот премиер Борис Џонсон, претходно, истакна дека вакцината против Ковид-19 на „Астра Зенека“ е безбедна и дека британската Влада е сигурна во нејзината употреба.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Протест пред Амбасадата на САД во Хавана за укинување на ембаргото за нафта

Трамп ја разреши министерката за правда и државна обвинителка Бонди

Земјите од Персиски Залив бараат одобрување од ОН со сила да ја ослободат Ормуска Теснина за пловидба