Утрински Весник
Свет
Img 7972

(Видео) Иран го покажа новиот ракетен град

(Видео) Иран го покажа новиот ракетен град
300x250 opst2

Иран објави фотографии и видеа од наводната нова база на Револуционерната гарда, со крстаречки и балистички ракети и „електронско оружје.

Државната телевизија ја претстави базата како „град на ракетите“ и покажа редови од нив во просторијата за складирање со бетонски sидови. Таа не ја откри локацијата на базата.

https://www.youtube.com/watch?v=QF6v9y5pF1c

Алиреза Тангсири, шеф на поморската единица на Револуционерната гарда, рече дека базата има и опрема за откривање на непријателски сигнали.

Тој вели дека „електронското оружје“ вклучува радар и системи за надзор, симулација и нарушување.

„Денес гледаме мал дел од големиот и голем ракетен капацитет на поморските сили на Револуционерната гарда“, рече командантот на гардата, генерал Хосеин Салами.

Таа елитна иранска единица минатата година објави дека изградила подземни „ракетни градови“ долж бреговите на Персискиот залив.

Иран веќе има една од најголемите ракетни програми на Блискиот исток, пренесува Ројтерс.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Најмалку 15 луѓе загинаа при лизгање на земјиштето во Индија

Поради израелската блокада на болниците во Појасот Газа бебињата делат маски со кислород

Тунберг му одговори на Трамп: И ти страдаш од проблеми со агресија