Утрински Весник
Свет

Кина ја олеснува визната политика за странци вакцинирани со кинески вакцини

Кина ја олеснува визната политика за странци вакцинирани со кинески вакцини

Кина ја олесни визната политика за странците кои примиле кинески вакцини против Ковид-19, кои влегуваат во копнениот дел на земјата од Хонгконг, објави Кинеската медиумска група (ЦМГ)

Кабинетот на комесарот на кинеското Министерство за надворешни работи во Хонгконг претходно објави дека ќе им помогне на странците за добивање кинеска виза, доколку примат вакцини против Ковид-19 од кинеско производство.

Странските туристи вакцинирани со вакцини кои не се произведени од Кина ќе мора да имааат негативни тестови за Ковид-19, здравствен формулар и патна изјава, се вели во соопштението на канцеларијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Гардијан: Британски компании за водоснабдување испуштаат отпад во постројки за пречистување

Руската компанија „Јандекс“ соопшти дека нејзиниот центар за податоци во градот Владимир прекинал со работа по украински напад со дрон

Чешката опозиција оствари успех на изборите за Сенатот