Утрински Весник
Свет

Американски конвој од 45 оклопни возила влезе во Сирија

Американски конвој од 45 оклопни возила влезе во Сирија

Конвој од американски воени возила и неколку цистерни за гориво, oд северен Ирак влегол во сириските провинции Хасака и Дир ес-Зур на северо-истокот на земјата, објави денеска сириската телевизија.

Според извештајот, најмалку 45 оклопни возила и камиони со муниција влегле во Сирија, пренесува агенцијата „Тасс“.

Сириската телевизија наведува дека Соединетите држави видливо го зголемиле своето воено присуство во Сирија од почетокот на годинава.

Од 2015 година, САД отворија девет воени бази во североисточна Сирија, од кои четири не се далеку од нафтените полиња во провинцијата Дир ес-Зур, додека пет се во соседната провинција Хасака.

Во октомври минатата година, уште 5.000 американски војници беа испратени во Сирија, чија задача е да им помогнат на сириските Демократски сили предводени од Курдите, да се борат против Исламска држава.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Канада воведува нови царини за американските производи, трговската војна се заканува да ги погоди и Американците

Авион за кој се претпоставува дека го превезува директорот на ЦИА полета од Москва, покажуваат податоците на „Флајтрадар24“

„ОпенАИ“ откри разгранета мрежа за влијание што ги прикривала руските траги