Утрински Весник
Свет

Тимерманс: Имаше грешки во нарачките за вакцини, подготвен сум да ги преиспитам

Тимерманс: Имаше грешки во нарачките за вакцини, подготвен сум да ги преиспитам

Потпретседателот на Европската Комисија Франс Тимерманс призна дека Европската Унија направила грешки во изготвувањето на стратегијата за вакцинација против коронавирусот, објавија германски медиуми.

„Вистина е дека имало грешки во нарачките за вакцини во Брисел и во земјите-членки“, рече Тимерманс.

„Јас сум подготвен на крајот од пандемијата да ги преиспитам и тогаш можеме да видиме што погрешивме и што сторивме добро“, рече тој.

Според него, првото нешто што треба да се направи е да се осигура дека сите Европејци ќе се вакцинираат.

Европскиот пристап е исто така во интерес на побогатите земји-членки како оној на Германија, додаде претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен за европските агенции.

„Европската Комисија нареди вкупно најмалку 1,4 милијарди дози од четирите вакцини одобрени во Унијата, што треба да биде повеќе од доволно за нејзините 450 милиони жители“, рече таа.

Сепак, некои европски земји сметаат дека системот за дистрибуција на вакцини е неправеден, пренесуваат агенциите.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Напуштено бебе пронајдено пред манастир, отсечените раце на мајката пронајдени на автопат: Хорор во Германија

Шефот на Гугл предупредува: „Ниедна компанија нема да биде имуна“ ако пукне балонот со вештачката интелигенција

Американскиот Конгрес изгласа да бидат објавени досиејата на Епштајн