Утрински Весник
Свет

Најнов вид на коронавирус се шири на Филипините

Најнов вид на коронавирус се шири на Филипините

Филипинските власти соопштија дека е откриен нов вид на коронавирус во оваа земја.

Здравствените власти следеа и анализираа 85 случаи на заразени со коронавирус со „уникатен склоп на мутации“, пишуваат светските агенции.

Членот на техничката советничка група во министерството, Ана Онг Лим, изјави дека се чека потврда од експертите, дали станува збор за нов вид на коронавирус или за еден од оние што веќе биле откриени во друга земја.

Министерството соопшти дека на властите им требаат повеќе информации за видот на коронавирусот, за да можат да го проценат нивото на ризик од зараза и смрт.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Клучни избори во САД: Се одлучува кој ќе го контролира Конгресот и колкава моќ ќе има Трамп

Еден од најбараните криминалци во Европа е во бегство – награда од 2 милиони евра за информација

Страшна несреќа на Еверест: Два хеликоптера се судрија во воздух, има загинат и повредени