Утрински Весник
Македонија

СПМ ги повика другите полициски синдикати да се спротивстават на незаконските прераспоредувања во МВР

СПМ ги повика другите полициски синдикати да се спротивстават на незаконските прераспоредувања во МВР

Синдикатот на полицијата во Македонија ги повикува вработените во Министерството за внатрешни работи, членовите на двата синдиката – Македонскиот полициски синдикат и на Независниот синдикат на полицијата, да се приклучат во борбата за заштита на работните права на вработените во МВР.

Сидикатот преку проглас укажува на алармантна состојба од зголемено кршење и повредување на работните права, вознемирувањето на дел од вработените и нарушувањето на човечките односи во речиси секоја организација. Од Синдикатот наведуваат дека ова особено се однесува на незаконски прераспоредувања во полицијата, кои се спроведуваат преку злоупотреби на службени положби од страна на правната служба и претседателите на комисиите во МВР.

Таквите прераспоредувања, потенцираат од Синдикатот, имаат нанесено огромни штети на вработените спротивно на нивната волја, што е докажано по извршениот вонреден инспекциски надзор од страна на Државниот инспекторат за труд.

„Наша законска обврска е да ги штитиме Уставот и законските прописи да не дозволиме нанесување штета и на Буџетот на РМ од предизвикување на тужби и продолжување на натамошни злоупотреби. Оттука ги повикуваме останатите два синдикати МПС и НСП, да излезат со своја реакција и да ни се приклучат во натамошната битка за заштита на загарантирани права на вработените во МВР. Особено го повикуваме МПС односно претседателот на репрезентативен синдикат да упати остра рекација до министерот поради грубото кршење на правата на работниците особено поради заобикуловање на нивните два члена кои се дел како претставници од комисиите за распоредување во МВР и воедно јавно да го праша министерот Спасовски кој одлучувал во нивно име?, се вели во прогласот на Синдикатот.

Тие велат дека е потребно заедно да се спротистават на, како што посочуваат, игнорантскиот однос на министерот Оливер Спасовски. МВР е единствено што не добило никакво покачување или награда во оваа состојба со пандемијата, се додава во прогласот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски

Почна судењето против Вангелица Илијевска, обвинета за убиство на сопругот и свекорот во Кратово

Рокас: Очекувам овој пат и ЕУ да може да испорачува резултати со забрзана динамика