Американската пејачка и актерка Деми Ловато, која минатата година се опиша себеси како бисексуалка, сега призна дека на нејзината средба со неименувана жена се чувствувала подобро отколку да е со момче.
28-годишната ѕвезда пред неколку години им признала на родителите дека е сексуално флуидна, односно дека нејзината сексуална определба е подложна на промени.
А сега таа, наводно, созреала бидејќи открила дека не е заинтересирана за „романса со кој било од спротивниот пол“.
Девито за новиот број на списанието „Гламур“ изјави: „Имав средба со една девојка. Тоа ми се допаѓа многу повеќе. Се чувствував подобро, како што треба.“
„Со некои од момците со кои излегував – кога ќе дојдеше време да бидеме интимни, јас имав висцерална реакција. Тогаш сфатив дека повеќе ги ценам пријателствата со тие момци отколку романсата, и не сакав романса со никој од спротивниот пол”.
Деми призна дека почувствувала огромно чувство на олеснување кога нејзиниот кратка свршувачка со Макс Ерих заврши во септември минатата година.